Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Значителен напредок на Македонија во енергетското снабдување и пазарната интеграција во 2025 година
Македонија

Значителен напредок на Македонија во енергетското снабдување и пазарната интеграција во 2025 година

17/12/2025

AA

Енергетскиот сектор во Македонија во 2025 година бележи видлив напредок во однос на сигурноста на снабдувањето и интеграцијата на енергетските пазари, покажува Годишниот извештај за имплементација на Енергетската заедница за 2024 и 2025 година. Според споредбените податоци, исполнувањето на обврските во областа „сигурност во снабдување“ е зголемено од 21 отсто во 2024 година на 41 отсто во 2025 година, додека кај „пазарите и пазарната интеграција“ растот е од 54 на 61 отсто. Овие показатели јасно го отсликуваат напредокот остварен во текот на изминатата година.

Значајни поместувања се забележуваат во процесите на гасификација и во трговијата со електрична енергија, при што најизразен напредок има кај пазарот на струја. Вкупната оценка за секторот електрична енергија е зголемена од 48 отсто во 2024 на 62 отсто во 2025 година. Посебно се издвојува пазарот на малопродажба, каде степенот на имплементација е зголемен од 49 на 83 отсто, што укажува на подобрување на конкуренцијата, поголема заштита и избор за крајните потрошувачи, како и поголема отвореност за нови снабдувачи. Напредок има и кај раздвојувањето на енергетските дејности, каде оценката расте од 84 на 91 отсто, како и кај пристапот до електроенергетскиот систем – од 86 на 89 отсто.

Подобрувања се евидентирани и во сегментот на сигурноста на снабдувањето. Додека во 2024 година оваа област беше оценета со 21 отсто, во 2025 година резултатот достигнува 41 отсто. Просечната оценка произлегува од растот кај сигурноста во снабдувањето со електрична енергија, од 29 на 36 отсто, додека кај нафтата се забележува намалување од 48 на 41 отсто.

Најизразен пресврт е забележан кај природниот гас. По оценка од нула проценти во 2024 година, во 2025 година оваа област достигнува 47 отсто. Овој напредок упатува на поорганизиран пристап кон обезбедување нови извори и правци за снабдување со гас, вклучително и започнувањето активности за грчко-македонската гасна интерконекција. Со тоа се зајакнува поврзаноста со регионалните пазари и се создаваат услови за поголема диверзификација на снабдувањето со природен гас.

Во делот на декарбонизацијата, напредокот останува умерен. Вкупната оценка се зголемува минимално, од 49 на 50 отсто, додека имплементацијата на обновливите извори на енергија напредува од 48 на 51 отсто. Посебно подобрување има кај гаранциите на потекло, кои растат од 40 на 60 отсто, што е значајно за идентификација и следење на „зелената“ енергија. Мерките за енергетска ефикасност бележат раст од 66 на 68 отсто, а оценката за целите и политиките за енергетска ефикасност до 2030 година се зголемува од 69 на 74 отсто.

Извештајот заклучува дека институционалната подготвеност за спроведување на енергетските политики е на повисоко ниво. Напредок е забележан кај регулаторниот орган, институциите задолжени за конкуренција и државна помош, како и кај Државниот завод за статистика, кој добива висока оценка од 92 отсто.

Во целина, Македонија се движи кон посигурен, поотворен и пазарно ориентиран енергетски систем, со најизразени подобрувања во сигурноста на снабдувањето и во функционирањето на пазарите на електрична енергија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy