Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗЛОУПОТРЕБИ ВО ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ: Шеесет компании со фиктивни проекти направиле „дупка“ од 3,2 милиони евра
Економија

ЗЛОУПОТРЕБИ ВО ФОНДОТ ЗА ИНОВАЦИИ: Шеесет компании со фиктивни проекти направиле „дупка“ од 3,2 милиони евра

29/10/2024

AA

Шеесет компании со фиктивни проекти направиле „дупка“ од 3,2 милиони евра во Фондот за иновации. 

Информацијата денеска на прес-конференција ја oбелодени в.д. директорот на Фондот, Никола Додов, кој сподели дел од наодите на внатрешната ревизија во институцијата, која е сè уште во тек. Тој најави кривични пријави и други правни мерки против компаниите кои ги направиле злоупотребите.

„Овие средства кои биле наменети за поддршка на иновации и развојни проекти биле злоупотребувани од страна на околу 60 компании. Наместо да ги користат средствата за реализација на проектите тие спроведувале фантомски проекти без конкретни резултати, што резултира со значителна штета на државниот буџет и граѓаните. Во рамките на ревизијата која се спроведува, од вкупно 60 компании кои се предмет на истрага веќе се поведени постапки за наплата на побарувања пред надлежен извршител, додека дел од нив се во постапка за поднесување на кривични пријави и граѓански парници по кои понатаму ќе постапува надлежното обвинителство, односно надлежните судови. Според нашите наоди вкупниот износ што овие компании го должат во државниот буџет е 192 888 642 денари, што е приближно некаде околу 3,2 милиони евра“, рече Додов на прес-конференцијата.

Во таа насока, директорот соопшти дека за време на истрагата дошле до информации дека неколку фирми се корисници на повеќе грантови за слични или идентични проекти, што според Додов го отвора прашањето колку е транспарентен и ефикасен системот на доделување грантови.

Ревизијата на новото раководство на Фондот за иновации и технолошки развојот дошла и до информации кои, како што кажа Додов, упатуваат на сомнителни практики во управувањето на јавните средства. Конкретно, тој наведе компанија чие раководство било во непосредна роднинска врска со високи функционери од претходната влада на СДСМ и ДУИ. Без да кажа за која компанија се работи, Додов додаде дека нивните истражувања покажале дека нејзиниот управител не само што добивал финансиски средства од Фондот, туку истиот бил управител на уште четири други фирми кои исто така имале добиено средства за иновации и технолошки развој.

фото принтскрин

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy