Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Злоупотреба на полициска легитимација – син на службеник следел и нападнал лице
Македонија

Злоупотреба на полициска легитимација – син на службеник следел и нападнал лице

24/03/2025

AA

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи презеде мерки и активности, постапувајќи по претходна пријава дека Ф.Х. ја злоупотребил службената легитимација на неговиот татко И.А.Х., полициски службеник во Полициското одделение Сарај. Имено, по преземени мерки било констатирано дека Ф.Х. на 21.03.2025, управувајќи приватно моторно возило, следел друго лице и во близина на село Смилковци и клучка Стајковци се претставил како полициски службеник и ја покажал службената легитимација на неговиот татко. Притоа, Ф.Х. физички го нападнал лицето, кое потоа настанот го пријавило во полициска станица. Во врска со настанот, СВР Скопје во соработка со јавен обвинител, против Ф.Х. ќе поднесе кривична пријава по член 386 – „насилство“ од Кривичниот законик.

Додека, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди констатира дека полицискиот службеник И.А.Х., дозволувајќи неговата службена легитимација да биде употребена за лични цели од неговиот син, постапил спротивно на законските и подзаконските акти на Министерството за внатрешни работи и против него ќе поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за нарушување на работниот ред и дисциплина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИДЕО Се сруши ѕид во Штип, оштети неколку автомобили!

27/01/2026
Македонија

Зголемен водостојот на Лепенец, Пчиња и Кумановска река – во

27/01/2026
Македонија

„Сејф сити“ ќе се тестира на автопатската делница Охрид –

27/01/2026
Македонија

НАДОЈДЕНАТА РЕКА ОДНЕСЕ 120 ЈАГНИЊА И 100 ОВЦИ Голема штета

27/01/2026
Македонија

ВИДЕО Кандидатката за борба против дискриминација ја помеша Истанбулската конвенција

27/01/2026
Македонија

ВРЕДИ СО СИЛНА ПОДДРШКА НА СИСТЕМОТ „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ Правилата постојат

27/01/2026
Македонија

Ревизија во Охрид: Не се наплаќале побарувањата од ЈП и

27/01/2026
Македонија

ОНЛАЈНМЕДИА ОСТРО ЈА ОСУДУВА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА НА СДСМ Партијата мора да

27/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40661
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИДЕО Се сруши ѕид во Штип, оштети неколку автомобили!

27/01/2026

На улицата Љубен Иванов во Штип се случи сериозен инцидент кога потпорен ѕид се сруши и падна врз паркирани автомобили.

Зголемен водостојот на Лепенец, Пчиња и Кумановска река – во Струмица постепено повлекување

27/01/2026

Водостојот на река Струмица е во намалување, но се уште е можно на поедини места во Струмичкото Поле да има

„Сејф сити“ ќе се тестира на автопатската делница Охрид – Кичево, ќе има прекини на

27/01/2026

Секторот за внатрешни работи Охрид, денеска, во рамки на проектот „Безбеден град“ ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy