
ЗЛАТОТО УРИВА РЕКОРДИ СО ЦЕНАТА: Среброто наjскапо за период од 12 години
Цената на златото e на ново историски највисоко ниво, нo ни цената на среброто не заостанува.
Златото поскапе поради глобалната неизвесност околу резултатите од американските избори и тензиите на Блискиот Исток, а цената на среброто е највисока во последните 12 години. Унца злато денеска во 10:45 часот се продаваше за 2.732,25 долари, а унца сребро се тргуваше за 32,02 долари.
Главниот пазарен аналитичар на трговската компанија KCM, Тим Вотер, вели дека цената на златото до крајот на годината би можела да достигне 2.800 долари за унца, пренесе Ројтерс.
По вториот квартал од 2024 година, вкупните светски резерви на злато изнесуваат 29,03 илјади тони. Податокот е од Светскиот совет на златото. Откако почна војната во Украина, цената на златото е во подем.
foto freepik.com/fxquadro

