
Златко, Орце или Коце – кој ќе биде кандидат за Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ
Вечерва се одржа седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ каде се дискутираше на предлози за кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори.
По седницата, излезе генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски кој соопшти дел од кандидатите.
Сепак тој не го откри кандидатот за Град Скопје, па оттука се поставува прашањето дали на ова место ќе биде поставен актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, екс градоначалникот на Град Скопје и директор на ЈПДП, Коце Трајановски или пак министерот за локална самоуправа Златко Перински.
На листата покрај Град Скопје, не се најде ни кандидатот за општина Кисела Вода.
Како што рече, за Град Скопје целат да го изберат најдобриот кандидат.
„Се уште се водат анкети и анализи, и од страна на Извршниот комитет меѓутоа и куќите кои се ангажирани, повеќе имиња се на тие анкети па ќе видиме набрзо и за името за Град Скопје“, рече Сајковски.