Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Зимзоленд“ си работи без проблем, но и без одобрение – општина Аеродром вели внимателно се разгледуваат сите факти
Македонија

„Зимзоленд“ си работи без проблем, но и без одобрение – општина Аеродром вели внимателно се разгледуваат сите факти

13/12/2025

AA

Забавниот парк „Зимзоленд“ поставен на приватна сопственост во Аеродром е предмет на инспекциски надзор од Град Скопје, при што е констатирано дека субјектот нема добиено одобрение за поставување на луна паркот од надлежен орган на Градот.

И покрај констатираната неправилност, „Зимзоленд“ продолжува да работи нормално, без никакви прекини.

Според дописот од Секторот инспекторат на Град Скопје, Комуналната инспекција извршила вонреден инспекциски надзор на 11.12.2025 година. Притоа, утврдено е дека правниот субјект ГЛОБАЛ ИМПАЦТ ДООЕЛ Скопје, кој е сопственик на друштвото за трговија и услуги МЕГА ЛУНА 25 ДООЕЛ Битола, поставил реквизити за луна парк на приватен имот без одобрение од надлежен орган на Градот Скопје.

Со оглед на тоа што Комуналната инспекција на Град Скопје нема надлежност да ги отстрани реквизитите поставени без одобрение, таа побарала од Општина Аеродром да постапи согласно своите надлежности од Законот за градење.

По констатацијата од Град Скопје, градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, информираше дека инспекциските служби професионално и посветено постапуваат во врска со манифестацијата „Зимзоленд“.

Инспекциската постапка била отпочната на 28.11.2025 година, а во моментов внимателно се разгледуваат сите факти и околности, кои се однесуваат исклучиво на одобрението за поставување урбана опрема на оваа локација.

Митески истакна дека земјиштето на кое се одржува „Зимзоленд“ е во приватна сопственост и нагласи дека Општина Аеродром не е организатор, ниту учесник во програмските активности на манифестацијата.

По целосно завршување на постапката, од Општината ќе бидат преземени соодветни мерки согласно законите, доколку се утврди основа за тоа.

Претходно, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека Град Скопје не издал дозвола за вршење дејност на „Зимзоленд“. Тој, исто така, наведе дека за реквизитите и забавните содржини кои не се дел од програмата на Општина Аеродром, наложено е градежниот инспектор од Општината да постапи согласно законските регулативи.

И покрај инспекциските надзори и констатираните неправилности, од „Зимзоленд“ потврдија дека се вршат инспекциски надзори, но ги демантираа наводите во дел од медиумите дека паркот ќе биде затворен. Како што беше наведено, забавниот парк продолжува да работи со нормално работно време и без никакви прекини.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy