
Зидан се договорил да биде тренер на Марсеј кога саудиски конзорциум ќе го купи клубот
Конзорциумот од С. Арабија, зад кој стои моќниот фонд ПИФ, кој веќе го има во сопственост англиски Њукасл, притиска за купување на Марсеј, но засега газдата на францускиот клуб Франк Мекорт одолева на понудите и тврди дека не е на продажба францускиот гигант, но прашање е дали ќе може да одолее на многуте пари кои наводно му се нудат.
Саудијците на Зидан му ветиле пакет од 300 милиони евра за да седне на клупата и да гради проект со кој ќе ја урне доминацијата на омразениот ПСЖ, кој е сопственост на Катар и француската легенда која од 2021 година е без клуб прифатил да биде дел од проектот.
Зидан во два мандати беше тренер на Реал Мадрид откако прво ја имаше улогата на спортски директор и донесе три европски титули и две шампионски круни во Ла Лига, а зимава не успеа да стане селектор на Франција, иако имаше начелен договор, откако франуската федерација ја продолжи соработката со Дидие Дешан.