
Зијеш ги мина лекарските прегледи, па го притиска Челси да не биде алчен за заемот во ПСЖ
ПСЖ го бара Зијеш за да го пополни местото на Пабло Сарабија, кој претходно замина во Вулверхемптон и сѐ договори со фудбалерот, но никако не може да се договори за условите со лондонските „сини“.
И Мароканецот според информациите на „Л’Екип“ сега лично интервенирал кај раководството на клубот да биде флексибилно и да не биде алчно во поставувањето на условите за да се заврши сѐ до полноќ и официјално да стане нов фудбалер на ПСЖ.
Особено што мала минутажа има на „Стемфорд бриџ“ и не е во долгорочните планови на премиерлигашот, иако дојде како големо засилување од Ајакс во 2020 година.