
Зијадин Села го свикува Собранието на Алијанса за Албанците: На 27 декември ќе се бира ново раководство и ќе се кројат стратегии
Алијансата за Албанците (АА), предводена од Зијадин Села, влегува во процес на внатрепартиска консолидација. На последниот состанок на Претседателството, членовите едногласно донесоа одлука за свикување на Централното собрание на партијата, кое ќе се одржи кон крајот на овој месец.
На состанокот, на кој се анализираа актуелните политички случувања во земјата и се трасираа понатамошните чекори за структурирање на органите, раководството одлучи највисокото партиско тело да заседава на 27 декември.
Според партиското соопштение, претстојното Собрание ќе има клучна улога во дефинирањето на идниот курс на партијата. На дневен ред ќе се најдат неколку суштински точки:
Во пресрет на Собранието, Алијансата за Албанците ја реафирмираше својата идеолошка позиција и стратешките приоритети.
Ова Собрание се очекува да биде пресвртница за крилото на Села, со цел зацврстување на партиската инфраструктура по период на политички турбуленции.
