Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Жртвите на поплавите и свлечиштата во Бразил станаа 40 лица
Македонија

Жртвите на поплавите и свлечиштата во Бразил станаа 40 лица

21/02/2023

AA

Бројот на загинати во поплавите и свлечиштата во југоисточниот дел на Бразил денеска се искачи на 40, покажуваат официјалните податоци на кои се повикува Ројтерс.

За време на посетата на областите погодени од поплави и лизгање на земјиштето, бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва рече дека не треба да има повеќе градби во областите загрозени од лизгање на земјиштето и големи поплави и вети дека ќе се справи со проблемите со домувањето.

Властите во државата Сао Паоло денеска соопштија дека пронашле уште четири жртви, покрај 36-те пријавени вчера. Локалните власти очекуваат повеќе жртви, бидејќи речиси 30 лица се уште се водат како исчезнати.

Лула да Силва заедно со министрите од неговиот кабинет изврши увид во оштетувањето од хеликоптер во крајбрежниот град Сао Себастијао, по што се сретна со локалните власти таму.

Претседателот вети дека ќе помогне во обновата на градот, кој има околу 91.000 жители. Тој вети дека ќе се градат нови домови на побезбедни локации, истовремено велејќи дека владата мора да работи на обнова на клучната инфраструктура, како што се патиштата, кои исто така се погодени од одрони и поплави.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy