
Жоао Феликс откри зошто го одбрал Челси: Тоа е тим кој напаѓа, ја има топката, доминира…
Португалецот е креативен играч на кого очигледно не му одговараше стилот на Диего Симеоне во Атлетико Мадрид, па во Челси најде многу повеќе слобода за својата игра.
„Челси е тим кој сака да напаѓа, ја има топката, доминира во натпреварот. Тоа е играта која сакам да ја играм. Се чувствувам многу слободно во играта тука и тоа ми се допаѓа“, вели Жоао Феликс на прашањето зошто го одбра Челси.
„Што се однесува до тоа дали сакам да останам или не, иднината не ја знае никој, Челси е неверојатен, среќен сум што сум тука“.
„Кога си заминав од Атлетико, тоа беше добро за мене и за нив. Тоа беше перфектен договор да пробаме нешто поинакво. Многу сум среќен што играм за Челси“.
