
ЖИВОТОТ НА КОЦКА, НО СЕ ЗА СЛАВА: Луѓе на Тик Ток се обидуваат да испијат 4,5 литри алкохол, неколку завршија во болница
Неодамна со ТИКТОК се шири многу опасен тренд, кој резултираше со тоа што дури 28 студенти од Универзитетот во Масачусетс завршија во болница. Станува збор за предизвикот да се испие цел галон (4,5 литри) течност, поточно комбинација од алкохол, енергетски пијалоци, зачини и вода.
Во текот на еден викенд евидентирани се дури 30 итни повици во универзитетскиот кампус поради труење со алкохол. Како што пишува Индипендент, за среќа немало опасни по живот ситуации, но полицијата на крајот уапсила двајца малолетници кои исто така биле во кампусот.
Од универзитетот најавија и дека сите бруцоши ќе треба да присуствуваат на предавање на кое ќе се едуцираат за штетноста на алкохолот, а ќе организираат дополнителни предавања и ќе преземат дополнителни чекори за студентите кои учествуваа на предизвикот БОРГ.
Трендот продолжува да се шири
За жал, трендот не престана и одвреме навреме на TikTok се појавува ново видео во кое некој го пробува, а можете да најдете и видео каде студент, наводно од Универзитетот во Тексас, објаснува како се подготвува БОРГ.
Таа започна со празно шише со галон, додаде вода, вотка, кофеин, витамини од групата Б, електролити и енергетски пијалок. Иако некои ја предупредија во коментарите дека овој вид на пијалок е многу опасен и дека алкохолот не треба да се меша со енергетски пијалоци и супстанции, повеќето од нив беа ентузијасти за пијалокот, а некои, дополнително, дадоа свои предлози што друго може да биде. додадена.
@bellaaalonzo How to make a BORG that actually tastes good (heart attack in a jug) happy snow day! #snowday #darty #borg #celsiuslivefit #utaustin #atx ♬ original sound – 🔔uh