
Жиру му донесе полуфинале во ЛШ, а Милан го награди со – нов договор!
„Росонерите“ денеска потврдија дека стрелецот на погодокот во синоќешното реми во Неапол (1-1) добил продолжување на соработката и тоа до јуни 2024 година.
Неговиот досегашен дил траеше до крајот на годината, но Французинот и покрај фактот што има 36-години се покажа како клучен шраф во машината на миланезите, по што тие решија да го задржат и уште една сезона.

