
Жирона сѐ поблиску до историски пласман во Лигата на шампионите (ВИДЕО)
Вечерва Жирона славеше во дуелот со Осасуна со 2-0 и е на четири бода зад Реал Мадрид кој утре го игра својот дуел со Селта. По еден гол во двете полувремиња постигнаа Порту и Савио, па Жирона сосема заслужено дојде до 19. победа во 28 натпревар оваа сезона.
Со неа собра вкупно 62 бода, 12 повеќе од Атлетик Билбао кој се наоѓа на петтата позиција на табелата, со еден натпревар помалку. На десет кола пред крајот на сезоната, тоа е одлична предност која најавува историски пласман на Жирона во ЛШ.
