
Жирона меле сѐ пред себе – преку Алавес пак го прескокна Реал на врвот (ВИДЕО)
Победата на најпријатното изненадување сезонава во целиот свет ја најави Довбик во 23. минута, додека Порту пред крајот на првото полувреме веќе зголеми на 2-0. Довбик го постави и конечниот резултат во 59. минута од пенал.
Жирона по 17. кола од шпанската елита има 44 бодови, два повеќе од Реал Мадрид, а дури девет во однос на третопласираната Барселона.
