
Жирона го прегази Кадиз и сега е чекор поблиску до место во ЛШ
Гарсија во деветтата минута ѝ донесе водство на домашната екипа, а во продолжение стрелаше и Мартин за предност од 2-0 на Жирона.
Довбик погоди за 3-0 во 71. минута, по што стана јасно дека Жирона е блиску до трите бода. Сепак, Ескаланте намали на 1-3 во 81. минута, но набрзо Порту погоди за конечни 4-1.
Жирона е на третата позиција во Ла Лига со 68 бодови, додека зад себе го има Атлетико Мадрид со 61 бод.
