Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Жикол“ и „ВТЕ“ тријат раце, префрлени првите 10 милиони евра за пречистителна станица во Скопје
Економија

„Жикол“ и „ВТЕ“ тријат раце, префрлени првите 10 милиони евра за пречистителна станица во Скопје

09/01/2024

AA

На сметката на Министерството за животна средина се префрлени првите 10 милиони евра, односно 603.500.000 денари за проектот за изградба на пречистителната станица за отпадни води кој треба на крајот да чини 200 милиони евра. Трансакцијата минатата недела ја најави и министерот за финансии Фатмир Бесими, а парите се легнати на последниот работен ден од 2023.

Според она што беше најавено претходно, парите треба да бидат префрлени кон скопски „Водовод“, а од таму да се распоредат кон германско-македонскиот конзорциум „ВТЕ Васертехник“ и „Жикол“ со кои беше потпишан договор во април годинава. Пред да се потпише договорот, требаше да мине долго време за усогласувањето на релација Град Скопје – Водовод – Министерство за животна средина.

Капиталниот проект е вреден 200 милиони евра, од кои 136 милиони евра се кредит од Европската инвестициска банка, а 70 милиони евра се неповратен грант од Европската унија.

Постапката за пречистителна станица за отпадни води започна во декември 2019. Тендерот беше распишан во јуни 2020 и тогаш беше кажано дека во 2025 Скопје ќе ја добие пречистителната станица, со што трајно ќе се реши проблемот на отпадни води од кои најмногу страда реката Вардар.

Во меѓувреме поради локалните избори постапката беше закочена и со месеци немаше избор на фирмата за надзор и фирмата изведувач, иако бодувањата беа направени и тие автоматски го покажаа победникот на тендерот.

Пречистителната станица за отпадни води ќе се простира на површина од 13 хектари, во општина Гази Баба, на левиот брег на реката Вардар, во областа Трубарево. Откако ќе биде пуштена во функција, ќе може безбедно да ја третира и прочистува водата за 540.000 жители. Третираната вода ќе има врвен квалитет, согласно европските стандарди.Ќе се намали и протекувањето, па 70 проценти од искористената вода ќе може да се употреби, што е од суштинско значење во период на климатски промени и зголемување на урбаното население. Тоа ќе помогне и водата од реката Вардар да биде помалку загадена.

Изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Скопје веќе требаше да започне и рокот одамна  е веќе изминат. Последна пречка што требаше да се премости беше експропријација на земјиште и урбано планирање, според најавите од министерката за животна средина Каја Шукова.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy