
Жичницата нема да работи денеска поради силниот ветер
Жичницата на Водно денеска нема да сообраќа поради силен ветер, информира Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје.
Од претпријатието соопштуваат дека јачината на ветерот ги надминува дозволените граници за безбедно и непречено функционирање на објектот, поради што е донесена одлука жичницата привремено да не биде во функција.
Надлежните служби ја следат состојбата на терен, а веднаш штом ќе се создадат соодветни временски услови, жичницата ќе продолжи со редовно превезување на патниците.
Од ЈСП Скопје им се заблагодаруваат на граѓаните за разбирањето.
