Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗХГ бара веднаш да се активира „Безбеден град“ за пронаоѓање на сторителите што истураат кучиња во Скопје
Македонија

ЗХГ бара веднаш да се активира „Безбеден град“ за пронаоѓање на сторителите што истураат кучиња во Скопје

18/02/2026

AA

Здружението „Зелен Хуман Град“ предупредува на растечкиот проблем со исфрлање кучиња од други градови во Скопје, кој, според нив, создава вештачки кризи и може да биде злоупотребен како оправдување за масовна еутаназија на бездомните животни.

„Веќе со месеци се множат објавите за исфрлање кучиња од други градови во Скопје! Со нив се множат и немилите снимки од несакани интеракции животно-човек“, велат од здружението. Тие потсетуваат дека ова не е првпат да се креира таков проблем со цел политичко оправдување за „решавање“ на прашањето преку еутаназија.

Во соопштението се истакнува дека во минатото, за време на градоначалникот Коце Трајановски, Комунална хигиена масовно труела бездомни и домашни миленици, што предизвикало револт кај граѓаните. „Нема погадна смрт од смртта од отров!“, потенцираат од здружението.

„Бараме веднаш да се активира ‘Безбеден град’ за пронаоѓање на сторителите што истураат кучиња во Скопје“, велат од „Зелен хуман град“. Тие апелираат и до граѓаните да снимаат и фотографираат вакви случаи, со јасно фаќање на регистарските таблици, но од безбедна оддалеченост.

Здружението ја критикува и актуелната власт во Град Скопје, која, според нив, ги елиминирала сите активисти од управниот и надзорниот одбор на „Лајка“ и ги заменила со партиски номинации. Според нив, ова го ослабува процесот на хумана контрола на бездомните животни, оставајќи само директорката на „Лајка“ како единствена активистка со влијание во претпријатието.

„Дури и да се убијат сите бездомни кучиња и мачиња како што варварски се правело во минатото, за шест месеци пак ќе бидат полни улиците со нови бездомници. Проблемот се неодговорните сопственици и недоволните казни, како и фактот што напуштањето миленик не е кривично дело“, предупредуваат од здружението.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy