
Жена измамена за 12.000 евра преку социјална мрежа за имот кој не го добила
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Л.М.(49) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
На 15.09.2025, пријавениот преку социјална мрежа довел во заблуда едно женско лице, претставувајќи се како сопственик на градежна фирма во странска држава, кој ќе и посредува при купување на имот во истата земја.
Оштетената во три наврати преку брз трансфер на пари на пријавениот му платила капар од 12.000 евра, но имотот не го добила.

