
ЖЕНА БЕШЕ КРЕНАТА НА ХАУБАТА, А ПОТОА ПАДНА – БМВ ВЛЕТА ВО ДЕМОНТРАНТИТЕ ВО БЕЛГРАД: Неколкумина се повредени, возачот давал отпор при апсењето
Студентите кои го блокираат ЕТФ најавија дека има промена на
планот – бината ќе биде поставена кај Славија и таму ќе се одржуваат говори, а
протестот ќе се одржи пред Собранието. Собирот на граѓани почна неколку часа
порано на различни локации во Белград.
На социјалните мрежи е објавено видео од инцидент во
населбата Жарково во Белград, каде автомобил влетал во толпа луѓе.
Снимката може да биде вознемирувачка за некои читатели.
Во Жарково веќе почнаа да се собираат студенти и граѓани кои
од правец на Чукарица се упатуваат кон центарот на градот. Сепак, иако мирно се
собирале, дошло до инцидент кога непознат возач со автомобил влетал низ
толпата, при што повредил неколку лица, пренесува Нова.рс.
Белградската полиција подоцна соопшти дека го пронашла и го
уапсила возачот Ж. M. (50). Возачот на БМВ пружил активен отпор, но полицијата
го совладала и го привела. Брзата помош ги пренесе повредените во Ургентниот
центар за понатамошна лекарска помош.
EPA-EFE/ANDREJ CUKIC