Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Железницата ги издаде складиштата за дизел во Лисиче
Економија

Железницата ги издаде складиштата за дизел во Лисиче

19/03/2024

AA

АД „Железници Транспорт“ издало под закуп две од трите складишта за дизел во депото што се наоѓа помеѓу Лисиче и Кисела Вода. Ова е единствениот голем капацитет што го поседува акционерското друштво за железнички транспорт во земјата.

Од трите складишта, од кои секое од нив има капацитет за илјада тони дизел, издадени се две на фирмата за големопродажба и малопродажба на горива „Супертрејд“. Станува збор за единствените поголеми капацитети кои ги има друштвото во државна сопственост. 

Според веб-страницата на Желзеници Транспорт, депото од 2.000 тони во Трубарево е вон употреба, а има уште неколку испостави во внатрешноста на земјата но само со зафатнина од 50 тони.

Возниот ред во железничкиот сообраќај во последно време е редуциран особено со тоа што ретко кога има дизел патничка гарнитура која е во возна состојба. „Железници Транспорт“ има свои дизел моторни возови и дизел локомотиви од разни серии, но нема јавна евиденција колку од нив ги исполнуваат условите за сообраќај. Претпријатието има и електро-локомотиви и електромоторни возови.

Според објавениот возен ред за 2024, возови нема од Скопје кон Кичево, Кочани и Табановци, а ќе нема ниту меѓународен патнички сообраќај од македонскиот главен град. Во него е впишано дека од скопската железничка станица ќе поаѓаат само по осум воза дневно кон Битола, Гевгелија и Велес. 

Железничкиот транспорт има проблеми и со исплаќањето на фактурите за електрична енергија. На крајот од минатата година, преку купување на акции, Владата на акционерското друштво за железнички транспорт му одобри 16 милиони евра вонредни пари за да расчистува со долговите,

Последен пат друштвото набави 3,5 милиони литри дизел и 0,5 милиони литри мазут во јуни 2022 за сума од околу 3 милиони евра. 

Претпријатието во последните шест години промени десетина директори. Последен е назначен Зули Демири, кадар од Алијанса за Албанците.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy