
Жалгирис ја продолжи агонијата на Реал
Клучна се покажа серијата од 15-0 во втората четвртина по која Жалгирис отиде на 43-26. Најмногу што потоа Реал успеа да намали беше осум разлика, но во финишот од мечот кога стана јасно дека нема шанси да направи пресврт.
Гостите беа исклучително расположени за тројки, погодија 15 од 29 шута и тоа беше еден од најважните елементи за нивната победа. Вокер беше најефикасен со 21 поен, Франсиско додаде 17, а Смаилагиќ и Манек по 13. Кај Реал се истакнаа Муса со 15 и Хезоња со 14 поени и 9 скока.
Мадридскиот тим остана на 13. позиција на табелата и ако утре Црвена Звезда или Анадолу Ефес триумфираат, разликата со десеттопласираниот тим ќе изнесува две победи. По 15 кола, Реал има девет порази што не било случај никогаш откако се игра по сегашниот формат.
РЕЗУЛТАТИ
Фенербахче – Монако 69-99
Алба – Партизан 90-91
Басконија – Виртус 81-82
Баерн – Макаби 98-93
Реал – Жалгирис 83-92
