![Згаснува сонот на Јунајтед за Лигата на шампионите (ВИДЕО)](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/03/223177-zgasnuva-sonot-na-junajted-za-ligata-na-shampionite-video-jpg.webp)
Згаснува сонот на Јунајтед за Лигата на шампионите (ВИДЕО)
На „ѓаволите“ вечерва им беше очајно потребен триумф на гости кај Брентфорд, а чувствата по мечот се измешани. Натпреварот заврши без победник (1-1), а се што беше важно се случи длабоко во судиското продолжение.
Јунајтед беше во подредена положба, домашните фудбалери упатија дури 31 шут иако само пет директно во голот. И покрај тоа, резултатот го отвори гостинскиот тим преку Мејсон Маунт во 96. минута за три минути подоцна Ајер да израмни и да му донесе бод на Брентфорд кој се уште не го обезбедил опстанокот во Премиер лигата.