
Земете чадор: И денеска облачно со врнежи од дожд, температурата до 17 степени!
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд претежно во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 16 степени.
Во петок и сабота ќе биде посончево, а во петок попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Од недела повторно се очекува променливо облачно време, на места со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.