Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Земаат лек за дијабетес за да ослабат?! – Надлежните велат: Лекот да се користи исклучително по препорака на лекар
Македонија

Земаат лек за дијабетес за да ослабат?! – Надлежните велат: Лекот да се користи исклучително по препорака на лекар

28/02/2023

AA

Лекот „оземпик“ да се користи исклучително по препорака на лекар за третман на дијабетес тип 2, а лицата со дијабетес тип 2 кои го користат по препорака на лекар, да не ја прекинуваат терапијата со овој лек и да ги консултираат докторите кои го препорачале, се наведува во денешното соопштение на проф. д-р Татјана Миленковиќ, претседател на Научното здружение на ендокринолозите и дијабетолозите на Македонија и научниот соработник д-р Ирфан Ахмети, претседател на Националната комисија за дијабетес.

Во соопштението се споменува текстот за лица кои земаат лек за дијабетичари за да слабеат, ризикувајќи си го здравјето.

– Како стручно здружение го поздравуваме апелот да не се користи лекот без консултација со лекар, како и информирањето на јавноста дека лекот е наменет за третман на дијабетес тип 2, како надополнување на исхраната и вежбањето, пишува во соопштението.

Оттаму потсетуваат дека лекот е одобрен за употреба од МАЛМЕД, како и од страна на регулаторните агенции во светот, вклучително Европската агенција, Aмериканската агенција.

– Лекот во нашата земја се употребува веќе три години кај лица со дијабетес тип 2 и првенствено се пропишува кај оние кои имаат дополнителни кардиоваскуларни настани и зголемена телесна тежина. Овој лек – „оземпик“ не е наменет за третман на прекумерна телесна тежина кај лица кои немаат дијабетес, се нагласува во соопштението.

Во него се додава дека стручната јавност и регулаторните агенции будно ги следат несаканите ефекти од лековите и во случај истите да претставуваат ризик по здравјето и животот на луѓето, соодветно се реагира и се препорачуваат мерки на претпазливост или при сериозен ризик лекот се повлекува од употреба. -Такво предупредување или најава за повлекување на лекот од употреба, како што се нагласува, за „оземпик“ не постои, се вели во соопштението.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy