Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Земјотресот ја срушил поштата, но пратките не доцнеле
Македонија

Земјотресот ја срушил поштата, но пратките не доцнеле

26/07/2023

AA

Иако зградата на Поштата била комплетно разрушена за време на земјотресот во Скопје во 1963 година, ниту тогаш процесот на работењето на поштата не запрел. За да ги достават поштенските пратки, поштарите дневно поминувале десетици километри.

Во таквите моменти од особено значење била комуникацијата на луѓето во градот и државата, но и надвор од нејзините граници. Во такви околности, функционирањето на поштата одиграло значителна улога во комуникацијата. Но, не голем број луѓе знаат дека до познатата Железничка станица во Скопје се наоѓала и зградата на Пошта Скопје 2.

Поштата претставувала главен центар за поштенскиот сообраќај во тогашна Социјалистичка Република Македонија. Зградата била комплетно разрушена за време на земјотресот, но ниту тогаш процесот на работењето на поштата не запрел.

Зграда на старата Пошта 2 по земјотресот кој го погоди Скопје во 1963 година     Фото: Пошта на Северна Македонија

Според архивите на Пошта на Северна Македонија, постојат неколку верзии за тоа кој прв ја испратил веста за земјотресот кој се случил во 5:17 часот наутро. Некои велат дека тоа биле припадници на армијата, но според други извори, се смета дека вработените во поштата први воспоставиле телефонска врска со Приштина во 6:30 часот, оспособувајќи некои од уредите за комуникација во разурнатата зграда. Потоа воспоставиле врска и со Белград, но преку Приштина. Околу 9 часот истиот ден од електричниот столб пред гимназијата „Јосип Броз Тито” поштарите воспоставиле и директна врска со Белград.

Животот по земјотресот во Скопје се одвивал главно во шаторски населби каде и Поштата бргу се приспособила кон настанатата ситуација и во шаторските населби отворила свои пунктови.

Во градот се организирале четири пошти, под шатори.

Поштарите пешачеле 18 километри

Поштарите прво ја носеле поштата на означените адреси, а ако пред куќите не биле оние за кои била наменета поштата, писмата ги носеле во шаторските населби, или во своите пунктови каде што граѓаните доаѓале и ги подигале своите писма и пратки.

Поштенските објекти кои биле разурнати за време на земјотресот биле заменети со времени објекти – бараки во 1964-65 година     Фото: Пошта на Северна Македонија

Доставата на поштенските пратки, особено во оддалечените подрачја се вршела со бројни тешкотии. Поштарите секојдневно поминувале десетици километри. Според евиденцијата од овој период, секојдневно пешачеле по околу 18 километри.

Во планот за изградба на Скопје се планирале градски и приградски населби и било задолжително во новите населби да има пошти, здравни установи, основни училишта, како и објекти за општествена активност и културно-забавен живот.

Сите поштенски објекти кои биле разурнати за време на скопскиот земјотрес биле заменети со времени објекти – бараки во 1964-65 година.

Првата импровизирана пошта, телеграф и телефон, почнала да работи веќе на 27 јули 1963 година

Во овој период биле поставени 1.544 поштенски ковчежиња. Во просек по едно поштенско сандаче на секои 17 квадратни километри, односно на секои 1.047 жители.

Една деценија по земјотресот зградата на Пошта 2 која се наоѓала до старата железничка станица е возобновена на нова локација; во рамките на новата Железничка станица се наоѓа и новата Пошта 2 според планот на Кензо Танге.

Град на тагата и солидарноста

Денес, повеќе од половина век по земјотресот, доколку би прашале некој жител на градот кој е најтрагичниот ден во историјата на градот, веројатно тој или таа би ви одговориле дека тоа е 26 јули 1963 година, денот кога Скопје го погодил катастрофалниот земјотрес.

Но исто така, кога би прашале некој, кога во градот владеела најголемата солидарност, веројатно повторно одговорот би бил поврзан со земјотресот во Скопје во 1963 година. Земјотресот го срушил градот, но не и надежта на скопјани дека повторно ќе го изградат својот град.

Првата помош за граѓаните погодени од земјотресот дошла од војската и сограѓаните, но во наредните денови започнала да пристигнува и помош од целиот свет. Вкупно 87 нации од светот испратиле некаква помош во Скопје и помогнале тоа да се изгради повторно, па поради тоа градот го носи и епитетот „град на солидарноста“.

ТРТ

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy