
Земјотрес во Албанија, се почувствувал и во Македонија
Земјотреси попладнево се почувствувани во Албанија.
Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), се дознава дека земјотресот бил со јачина од 4,1 степени, а епицентарот бил на 25 километри југозападно од Елбасан.
Земјотресот е почувствуван и во западниот дел на Македонија.
Длабочината на земјотресот била два километри.
Засега не е пријавена штета на луѓе или материјал.

