
Земјотрес среде емисија во живо: Еден водител остана мирен, друг трчаше кон излезот (ВИДЕО)
Многу силен земјотрес, со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала, вчера ја погоди областа околу вториот по големина град во Еквадор, а моментот кога почна да се тресе беше забележан од камерите на локалната телевизија бидејќи земјотресот се случи среде пренос во живо.
Видеото се прошири на социјалните мрежи.
Во видео објавено на Твитер може да се види како водителките и гостите ја прекинале емисијата и решиле да почекаат да се смири ситуацијата.
Еден од водителите веднаш побрза кон излезот. Меѓутоа, како што тресењето стануваше посилно, на крајот сите станаа и побараа покривање, а емитувањето беше прекинато.
#Ecuador #earthquake hits.
TV station was in the middle of live broadcast pic.twitter.com/WDGtTGUKWh— Arthur Morgan (@ArthurM40330824) March 18, 2023