
Земјотрес со интензитет од 6,0 степени го погоди Тајван
Земјотрес со интензитет од 6,0 степени според Рихтеровата скала денес го погоди североисточниот брег на кинескиот регион Тајван, соопшти Тајванската метеоролошка управа.
Во соопштението се вели дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 112 километри и дека потресот бил почувствуван во главниот град на Тајван, Тајпеј.
Досега нема извештаи за евентуални повредени или штети, објави Ројтерс.
