
Земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтер ги погоди островите Вануату во Пацификот
Силен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди островската држава Вануату во Тихиот Океан. Земјотресот се случил во 05:04 часот по локално време на длабочина од 10 километри, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на 74 километри западно од Луганвил, вториот по големина град во земјата. Се уште нема извештаи за потенцијални жртви или материјална штета. Само неколку минути по силниот земјотрес, следеше уште еден послаб земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала.