
Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала кај брегот на Јапонија
Земјотрес со јачина од 6,1 е регистриран во близина на брегот на Јапонија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, цитиран од Ројтерс и ТАСС.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри и 525 километри југоисточно од градот Шимода на островот Хоншу, каде живеат околу 26.700 луѓе.
Засега нема извештаи за опасност од силни бранови цунами.
