
Земјотрес со јачина од 6,1 степени ги погоди Курилските острови
Земјотрес со јачина од 6,1 степени е регистриран денеска источно од Курилските острови.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), потресот се случил на длабочина од 10 километри, во 06:48 часот по универзално време (UTC).
Епицентарот бил лоциран на координати 49.392; 160.036, на околу 420 километри југоисточно од Петропавловск-Камчатски, Русија (град со околу 187.000 жители), како и 314 километри југоисточно од Северо-Курилск, каде живеат околу 2.400 жители.
Засега нема информации за предизвикани штети или жртви.