
Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтер го погоди Непал
Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди северозападниот дел на Непал и беше доволно силен за да се почувствува и во соседна Индија, но засега нема извештаи за евентуални штети или жртви.
Американскиот геолошки институт соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 17,9 километри, во близина на планинскиот град Џумла, на околу 400 километри североисточно од Катманду, главниот град на Непал.
Земјотресот е почувствуван непосредно пред полноќ по локално време, кога луѓето главно се во кревет дома. Земјотресот бил почувствуван на југ, во главниот град на Индија, Њу Делхи.
Земјотресите се вообичаена појава во Непал, кој е целиот во планините и на чија територија се наоѓа највисокиот планински венец во светот – Хималаите.
Во 2015 година, земјотрес со јачина од 7,8 степени во Непал уби околу 9.000 луѓе и оштети околу милион згради во таа земја.
