
Земјотрес со јачина од 5,6 степени по Рихтер на границата на Иран и Турција
Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала во утринските часови го погоди градот Хој во провинцијата Западен Азербејџан во западниот дел на Иран.
Како што соопшти Управата за вонредни ситуации на Турција (АФАД), епицентарот на земјотресот е регистриран во градот Хој, на длабочина од седум километри.
Земјотресот е почувствуван и во Ван и Хакари, Турција.
Утврдено е дека епицентарот на земјотресот бил на 29 километри од градот Баскале во Ван.