
Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтер во близина на брегот на Индонезија
Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово на брегот на Индонезија. Ова го соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на катастрофата се наоѓал на 173 километри јужно од градот Тондано, каде живеат повеќе од 33.000 луѓе. Изворот е на длабочина од 60 километри.
Нема извештаи за жртви или материјална штета. Засега нема опасност од цунами.