
Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала го погоди Тибет
Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди југозападниот дел на кинеската автономна област Тибет, соопшти Кинескиот центар за земјотреси (CENC).
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, соопшти CENC, а пренесува агенцијата Ксинхуа.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.