
Земјотрес почувствуван во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија денеска во 01:14 часот регистрирала земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Грција, оддалечен околу 116 километри југоисточно од Скопје.
Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот бил со локална магнитуда од 2,9 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот бил почувствуван во Прилеп и околните места со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

