
ЗЕМЈОТРЕС ОД 4,8 СТЕПЕНИ ГИ ВОЗНЕМИРИ ГРАЃАНИТЕ Епицентарот е на 12 километри од Тетово

Земјотрес од 4,8 степени според Рихтеровата скала ги вознемири граѓаните на Скопје, Тетово и поширокиот регион кон 10:05 часот попладне.
На веб-страницата на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар пишува дека епицентарот е во општина Теарце, на 12 километри од Тетово, односно на 23 километри од Призрен, со длабочина од 5 километри.
Според првичните информации, земјотресот бил регистриран и во Косово и Албанија, што укажува дека станува збор за пошироко почувствуван сеизмички настан во регионот.
.

