
Земјотрес го стресе Скопје
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, која функционира преку сеизмолошките станици поставени ширум нашата територија и е одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, 6 јануари 2025 година, во 18 часот и 44 минути, регистрираше земјотрес.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа на 25 километри северозападно од Скопје, а според податоците, магнитудата на земјотресот изнесуваше 2.5 според Рихтеровата локална скала (ML).
Според досегашните информации од Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот бил почувствуван во градот Скопје и во северозападните делови на земјата со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала (ЕМС).
