
Земјотрес го погоди Јадранското Море, „кратко, но силно тресење“
Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во Јадранското Море, на длабочина од 10 километри, соопшти веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот се случил во 9 часот и 23 минути.
Се наведува дека епицентарот бил на 156 километри југозападно од Подгорица и 101 километар североисточно од Бари.
Граѓаните ги опишаа своите искуства со апликацијата EMSC.
„Дубровник се тресеше. Кратко, но силно“, „Се почувствува нишање“, „Кратко нишање, многу непријатно“, „Мониторите ми играат на маса“, „Требаше десет секунди“, „Мебелот се ниша, но за кратко“, Ова се само дел од коментарите на апликацијата.
Некои јавуваат дека земјотресот ги разбудил и ги шокирал.

