
ЗЕМЈОТРЕС Е ПОЧУВСТВУВАН ВО ПРИЛЕП Епицентарот бил во Грција

Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје ноќеска во 01.14 часот регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML 2.9.
„Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.
.
