
Земјотрес ја стресе турската провинција Адана
Земјотрес со јачина од 4,9 степени денеска ја стресе Турција.
Потресот е во јужната турска провинција Адана, јавува Анадолија. Турската агенција за управување со вонредни состојби (АФАД) објави дека епицентарот на земјотресот е регистриран во областа Сајбејли на длабочина од 6,67 километри. Гувернерот на Адана, Сулејман Елбан, за Анадолија изјавил дека засега нема информации за последиците од земјотресот и дека надлежните екипи се на терен. Во февруари годинава имаше силни земјотрес во Турција и Сирија. Во двете земји загинаа над 54.000 луѓе. Земјотреси денеска имаше и во соседна Албанија.
