
Земјотрес ја потресе Македонија, еве каде е епицентарот
Земјотрес со интензитет од 2,8 степени според Европската сеизмолошка скала, е регистриран во источниот дел на Македонија во 11:59 часот по локално време. Земјотресот е регистриран на 17 километри северо-истично од Радовиш, на длабочина од 10 километри. Се почувствувал и во околината на Берово, Пехчево и Кочани.