
Земјотрес ја погоди Турција
Силен земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Турција, соопшти ЕМСЦ.
Епицентарот бил во близина на градот Аскала на длабочина од пет километри.
Земјотресот е регистриран во 11:43 часот по локално време.
Засега нема информации за жртви и евентуална материјална штета.

