
Земјотрес ја погоди областа на границата меѓу Сирија и Јордан
Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа на границата меѓу Сирија и Јордан, соопшти германскиот истражувачки центар за геонауки. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу десет километри, јавува Ројтерс. Засега нема информации за повредени или материјална штета.