Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗЕМЈАТА ИМА НОВ „ШАМПИОН“ КАЈ ТЕНДЕРИТЕ: „Марковски компани“  за прв пат на врвот
Економија

ЗЕМЈАТА ИМА НОВ „ШАМПИОН“ КАЈ ТЕНДЕРИТЕ: „Марковски компани“ за прв пат на врвот

16/12/2024

AA

„Марковски компани – Борче“ е добитник на тендери со најголема вкупна вредност на склучени договори во 2023. Ова го потврдува Бирото за јавни набавки со објавениот извештај за работењето минатата година.

Со договори во вкупна вредност од 53 милиони евра, исклучиво склучени со АД ЕСМ, битолската градежна компанија е најголем тендерџија од сите други за минатата година. Генерално станува збор за три доминантни тендери во 2023 – еден од 25,5 милиони евра за ископ на јаловина во рудниците на РЕК Битола и два за ангажирање на помошна механизација за истото место, од кои едниот во висина од 9,2 милиони и другиот од 7,9 милиони евра.

„Марковски компани – Борче“ за прв пат е на првото место на табелата на БЈБ по вкупна вредност на склучени јавни набавки од сите други економски оператори. Една година претходно бил петти со двојно помала договорена сума – 15 милиони евра. Не бил прв ниту во 2021, кога добиената сума е 42,8 милиони евра. Во 2020 бил 20-ти со само 8,4 милиони евра. Ова најверојатно значи дека „Марковски компани“ лани за прв пат го освоил врвот кај тендерите. Дополнително, ова е во ситуација кога лани институциите на државната управа си допуштиле за 34 отсто повеќе пари за јавни набавлки во однос на една година претходно, која беше прогласена за „кризна“.

„Марковски компани“ со 46 милиони евра во билансот на работење во текот на 2023 има раст на приходите за 53 отсто. Со добивка од 13,48 милиони евра, која патем е двојно зголемена, компанијата е една од најуспешните во земјата за минатата година. Единствен сопственик е Борче Марковски кој вработува 309 работници.

Новата власт раскина еден договор од 46 милиони евра склучен со „Марковски компани“ ,но склучен од оваа година. Активирана е банкарската гаранција во износ од 120 милиони денари поради тоа што, како што беше кажано, добитникот на тендерот не успеал да ги испорача договорените количини на јаглен во континуитет, поради што операторот директно ја загрозил енергетската стабилност на државата. Беше споменато и нарушување на геомеханичката стабилност на рудникот Брод Гнеотино.

Договорот беше со важност од 18 месеци, односно до август 2025 година. „Марковски компани“ имаше и подизведувачи, меѓу нив и две фирми од Струмица, кои политиката и медиумите низ годините често ги поврзуваа со семејството на поранешниот премиер Зоран Заев.

Последната информација е дека ЕСМ ќе ја тужи „Марковски компани“ поради непочитување на договорот, а сопственикот на компанијата никаде досега се нема огласено.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кога беше опозиција, ги критикуваше договорите на тогашната владина гарнитура со Марковски, но скоро склучи договор со компанијата со образложение дека дале пониска цена.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy