Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Зеленски планира да ја зајакне воздушната одбрана на Украина пред зимата
Македонија

Зеленски планира да ја зајакне воздушната одбрана на Украина пред зимата

19/11/2023

AA

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе бидат преземени нови чекори за обезбедување на безбедноста на земјата, особено за зајакнување на воздушната одбрана во наредните недели, јави ДПА.

Во своето полноќно обраќање, Зеленски се заблагодари и на Германија што вети дополнителна воена помош за Украина. Претходно оваа недела, германската влада ја објави својата намера следната година да ја зголеми воената помош за Украина од четири на осум милијарди евра. Покрај Германија, Зеленски им се заблагодари и на Финска и Литванија за новите одбранбени пакети за Украина.

Како што наближува зимата, воздушната одбрана ќе станува сè поважна во одбранбените планови на Киев. Киев очекува Москва да изврши повеќе напади против електричната, топлинската и водоводната инфраструктура на Украина оваа зима.

„Колку се приближуваме до зимата, толку поголеми ќе бидат напорите на Русија да ги зголеми своите напади“, рече Зеленски.

Вчера Русија испрати најмногу беспилотни летала против Украина во изминатите неколку недели. Шефот на украинската држава го пофали фактот дека речиси 30 дронови биле успешно пресретнати.

Од есента минатата година Русија систематски ги напаѓа енергетските капацитети на Украина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy