
Зеленски: Не е време за избори во Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вечерва изјави дека „не е време за избори“ во таа земја.
Во опустошената од војна Украина, чии југоисточни и источни територии се под окупација на Русија, се води политичка дебата за тоа дали треба да се одржат претседателски избори во 2024 година.
„Мораме да одлучиме дека сега е време за одбрана, за битка“, рече Зеленски во своето секојдневно обраќање до нацијата и додаде: „Од тоа зависи судбината на земјата и на народот“.
Според него, не е време „за фарса, како што само Русија очекува од Украина“ и „не е време за избори“.
Русија воено ја нападна Украина на 24 февруари 2022 година.