Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Зелените кредити во 2024 достигнале безмалку половина милијарда евра
Економија

Зелените кредити во 2024 достигнале безмалку половина милијарда евра

04/04/2025

AA

Податоците за зелените кредити доставени од банките покажуваат раст во четвртиот квартал од 2024 година. На крајот на декември 2024 година, растот на зелените кредити во однос на истиот период лани изнесува 2,3 милијарди денари, или 8,5 отсто. 

„Во споредба со крајот на 2019 година, кога започна прибирањето и објавувањето на овие податоци, зелените кредити се зголемени за 4 пати. Зелените кредити се заеми наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки цели, или цели коишто придонесуваат за зелената транзиција во општеството, како што се инвестициите во нова еколошка технологија“, објави Народна банка.

Според податоците на централната банка, на крајот од четвртото тримесечје од 2024 година, состојбата на зелените кредити во билансите на банките изнесува 29.177 милиони денари, или безмалку половина милијарда евра. За споредба, на крајот на 2019 година тие изнесувале 7.176 милиони денари. Зелените кредити одобрени на компаниите, коишто на крајот на 2024 година изнесуваат 28.032 милиона денари, преовладуваат во вкупното зелено кредитно портфолио на банките.

Уделот на зелените во вкупните кредити на крајот на 2024 година изнесува 6 проценти, што е речиси тројно зголемување во однос на крајот на 2019 година, кога уделот изнесувал 2,2 отсто. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УТРЕ ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ Следните денови пораст на

19/02/2026
Македонија

ЛЕНЧЕ РИСТОСКА ОТПАДНА ОД КОНКУРЕНЦИЈА Нема да биде државен јавен

19/02/2026
Македонија

Хоџа: Делегација од Турција со 30 бизнисмени заинтересирана за инвестиции

19/02/2026
Македонија

Десетмина пред суд по заплената на пет тони марихуана во

19/02/2026
Македонија

ИСТРАГАТА ЗА ДРОГАТА ЗАПЛЕНЕТА ВО СРБИЈА ВОДИ КОН ВАЖНИ ИМИЊА

19/02/2026
Македонија

Лице со Алцхајмер исчезна во Карпош 1 – семејството апелира

19/02/2026
Македонија

ПОСТОИ ОПЦИЈА МАКЕДОНИЈА ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ НО БЕЗ ПРАВО

19/02/2026
Македонија

ФОТО Сообраќајка на булеварот „Партизански одреди“ 

19/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41682
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УТРЕ ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ Следните денови пораст на температурите

19/02/2026

Времето утре (20.02.2026) во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува умерен северен до североисточен ветер,

ЛЕНЧЕ РИСТОСКА ОТПАДНА ОД КОНКУРЕНЦИЈА Нема да биде државен јавен обвинител

19/02/2026

Во интервјуто на Канал 5, премиерот Христијан Мицкоски, посочи дека од четирите кандидати за државан јавен обвинител за кои Советот

Хоџа: Делегација од Турција со 30 бизнисмени заинтересирана за инвестиции во земјоделството

19/02/2026

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, во емисијата „Ритам на денот“, се осврна и на последната средба со

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy